Дома Фудбал Англија Луис Енрике пристигна во Лондон, но Нагелсман останува фаворит за кормилото на Челзи

Луис Енрике пристигна во Лондон, но Нагелсман останува фаворит за кормилото на Челзи

Бившиот селектор на Шпанија, Луис Енрике утрово пристигна во Лондон со својот агент Иван де ла Пења, за да преговара со Челзи, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челзи е во потрага по нов тренер после отказот на Потер, а англиските медиуми пренесуваат дека како привремен менаџер до крајот на сезоната може да биде назначен Лампард.

Меѓутоа, „сините“ бараат етаблирано тренерско име за на лето да седне на кормилото и веќе почнале преговори со Луис Енрике.

Фабрицио Романо исто така потенцира дека Челзи ќе има средба и со Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ во Баерн Минхен.

„Сините“ ќе бираат помеѓу давјцата тренери, но во моментов Нагелсман е фаворит да седне на кормилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез ја доби победата на изборите: Реал прво плаќа 15.000.000, а потоа и 10 пати повеќе?

Флорентино Перез е моќен и нема кој да му претставува конкуренција во Мадрид. Кули и градо…