Дома Фудбал Репрезентации Луис Енрике за прв пат пред медиумите како селектор на Шпанија

Луис Енрике за прв пат пред медиумите како селектор на Шпанија

Новиот селектор на Шпанија денес пред медиумите зборуваше за своите цели во иднина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се случија навистина многу работи во последниот нешто повеќе од еден месецо репрезентацијата на Шпанија.

Имено, прво Јулијен Лопатеги, доби отказ порад превземањето на Реал Мадрид на само неколку дена пред почетокот на Мундијалот.

На негово место експресно беше назначен, Фернандо Јеро кој настапот на Мундијалот го заврши oсминафиналето после поразот од Русија на пенали.

Јеро беше само привремено решение, па по завршувањето на Светското првенство си поднесе оставка. На негово место беше поставен Луис Енрике.

„Целта е да продолжам онаму каде што застанаа Лопатеги иЈери. Двајцата се одлични стратези и јас сум им благодарен. Да се освојуваат трофеи во фудбалот не е лесна работа. Знам што се очекува од мене и благодарен сум што токму јас ја добив довербата од сојузот“, изјави Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…