Дома Фудбал Англија Луис Енрике е премногу скап – и Челзи се откажа од него

Луис Енрике е премногу скап – и Челзи се откажа од него

Преговорите помеѓу Челзи и Луис Енрике завршиле и Шпанецот сигурно нема да биде новиот тренер на „сините“, пренесува „Марка“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причина за тоа се преголемите финансиски барања на поранешниот тренер на Барселона.

Претходно Арсенал се откажа од Луис Енрике кого го сакаше за наследник на Вангер и тоа поради истата причина. Медиумите на Островот информираа дека Шпанецот побарал премногу висока плата.

Преговорите кои од страна на Челзи ги водеше Марина Грановскаја започнале уште во февруари и на почетокот било се во ред, но набрзо Енрике го демонстрирал својот сложен карактер.

Според извори блиси до Челзи, Луис Енрике се однесува „арогантно“ и сакал да има одврзани раце при градење на тимот, нешто што не го дозволува сопственикот Роман Абрамович.

Утрешното во ФА Купот сигурно ќе биде последниот на клупата за Антонио Конте, па останува да видиме кој ќе биде негов наследник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…