Дома Фудбал Луис Енрике: ВАР е најдоброто нешто што му се случило на фудбалот!

Луис Енрике: ВАР е најдоброто нешто што му се случило на фудбалот!

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике смета дека воведувањето на системот за видеонадзор е најдоброто нешто што му се случило на фудбалот.

ВАР системот беше воведен и на Мундијалот, а од оваа сезона се применува и во шпанската Примера, па готово сите големи првенства во Европа веќе го воведоа овој систем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Воведувањето на ВАР е фантастична идеја, многу ми се допаѓа. Ми се допаѓа идејата да се гледаат спорните ситуации на екран. Мислам дека сите ќе имаат полза од ова, бидејќи бројот на судиските грешки ќе биде значитечно намален. Според мене ВАР системот е најдоброто нешто што му се случило на фудбалот“, изјави Луис Енрике.

Луис Енрике ја презеде шпанската репрезентација од јули оваа година и потпиша двегодишен договор со Федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…