Дома Фудбал Останато Лудо: Халанд направил проблем на туристички регион во Шведска

Лудо: Халанд направил проблем на туристички регион во Шведска

Eрлинг Халанд сезонава игра во фантастична форма и скоро и да нема некој да не е воодушевен од настапите на Норвежанецот, но неговата форма направила проблем на регион во Шведска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, „Би-Би-Си“ одлучи да направи интересна приказна за туристички регион во Шведска кој го носи името Халанд. Но, имињата на фудбалерот и регионот всушност се различни и слично се пишуваат. Регионот во Шведска Halland и се изговара Халанд, додека Норвежанецот е Haaland и се изговара Холанд. Кога пребарувате на интернет не е тешко да ги помешата двата поими.

Таквите случаи изгледа биле почести од што се претпоставува, а властите во регионот во Шведска тоа го почувствувале. Нивната скоро и да била занемарена откако почна Халанд да игра како што игра.

„Неговото име Haaland, а нашето Halland. Неговата популарната целосно го загуши нашето присуство на интернетот. Сите наши обиди да го промовираме местото пропаѓаат. Кога се пребарува нашето место сите „хаштази“ се преплавени со неговите фотографии“, изјави Џими Сандберг кој е директор за комуниација на страницата „Посететe го Халанд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…