Утрово ни пристигнуваат лоши вести од Унгарија. Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков заработил сериозна повреда во еден од последните натпревари за Веспрем.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Направените тестови покажале дека Манасков има скинати предни вкрстени лигаменти, плус повреда на страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Поради тоа го чека долга пауза.




Се уште нема најава кога ќе се случи операцијата, но Манасков многу веројатно го чека пауза најмалку шест месеци. Тоа ќе биде проблем и за македонската репрезентација која на почетокот на следната година ја чека настап на ЕП.



