Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али ќе биде надвор од терените и во наредните четири недели, откако ја обнови повредата на потколеноцата, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Деле Али се здоби со повредата за време на репрезентативната пауза на почетокот на месецот и минатиот викенд одигра неколку минути на мечот со Брајтон.
Меѓутоа, на мечот со Ватфорд во англискиот репрезентативец ја обнови повредата, па денес му беа направени детални лекарски прегледи.
22-годишниот играч за врска ќе мора да одмора во следните четири недели, па се очекува да се врати за дербито со Манчестер Сити на крајот на октомври.