Дома Македонски спорт Мак фудбал Лоши вести за Милевски, Адеми повторно се повреди

Лоши вести за Милевски, Адеми повторно се повреди

Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, повторно го повреди бутниот мускул.

Адеми на мечот против Оријент во купот на Хрватска се пожали на болка и беше предвреме заменет.

Адеми ги пропушти септемвриските квалификациски натпревари поради повреда, а ова е лоша вест за селекторот Милевски, бидејќи може да го пропушти и дуелот со Германија во октомври.

Денес македонскиот интернационалец ќе оди на детални прегледи и точно ќе се знае степенот на повредата како и времето за рехабилитација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Башкими бара излез од кризата: Саити го означи Арсими како клучен тест

По двата домашни пораза без постигнат гол, Башкими денеска го пречекува Арсими. Енсар Саит…