Главоболки за Јуп Хајнкес. На гостувањето во Менхенгладбаг во дербито од следното коло ќе ги нема ниту Тијаго Алкантара ниту Арјен Робен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За Робен беше јасно во текот на мечот со Андрлехт. Веднаш по мечот со Урош Спајиќ падна и побара измена. Деталниот преглед донесе сепак добри вести: повредата не е толку сериозна како што се мислеше. Нема да игра против Борусија, но нема да замине на подолга пауза.
Ситуацијата затоа пак, е посериозна со Алкантара. На шпанскиот играч за врска му пукна бутниот мускул. Хенјкес потврди дека ќе следи долга пауза. Се проценува отприлика околу три месеци, односно до крајот на годината.