Дома Фудбал Италија Лотито разочаран: Со Инзаги бевме договорени, се премисли преку ноќ

Лотито разочаран: Со Инзаги бевме договорени, се премисли преку ноќ

Симоне Инзаги го напушти Лацио за да седне на клупата на Интер, а таа вест беше разочарување за управата на римскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека Инзаги преку ноќ се премислил и одлучил да го игнорира понудениот договор за соработка. Договорот на Инзаги со Лацио требаше да биде продолжен до 2024 година.

„Го смени мислењето преку ноќ. Договорот беше спремен, јас го потпишав, тој требаше да дојде на состанок за да го стави својот потпис. Не се појави. Ме побара и ми кажа дека многу размислувал и дека одлучил да замине. Еден ден претходно седум часа бевме заедно, се договоривме и се ракувавме“.

„Ми кажа дека изгубил мотивација, дека не може да ја разгори страста кај играчите. Како да се задржо некој кој тоа ви го кажува? Ако тоа ми го кажеше една вечер претходно барем немаше да се трудам да правам договор“, изјави Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…