Дома Фудбал Лига на шампиони Лорис: Се молам Меси да не добие слободен удар во опасната зона

Лорис: Се молам Меси да не добие слободен удар во опасната зона

loris

Фудбалерите на Барселона вечерва играат на домашен терен против Тотенхем во натпревар од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб претходно ја обезбеди првата позиција во групата и за нив вечерашниот натпревар нема да има резултатско значење. Од друга страна доколку Интер го победи ПСВ на лондонскиот тим потребна му е победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ернесто Валверде најави дека ќе одмара дел од најдобрите фудбалери. Суарез сигурно нема да настапи, но тука ќе биде Лионел Меси, а тоа не е добра вест за Уго Лорис.

Голманот на „петлите“ пред вечерашниот натпревар имаше една интересна изјава.

„Доколку Лионел Меси против нас ги изведува слободните удари како против Еспањол пред неколку дена тогаш не би можел ништо да направам. Го молам Бог да не добие слободен удар во зоната за удар“, изјави Лорис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…