Дома Фудбал Лопетеги: Во фудбалот не победува тој што повеќе заслужува!

Лопетеги: Во фудбалот не победува тој што повеќе заслужува!

Тренерот на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги не го криеше разочарувањето после поразот од Леванте на „Сантиаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал е во сериозна резултатска криза и нема победа на последните пет меча, а столчето на Лопетеги е сериозно разнишано.

„Останува горчлив вкус за загубените бодови. Дефинитивно заслуживме да победиме, но така е во фудбалот, понекогаш одредени околности се решавачки. Упативме 34 удари кон голот, а тие постигнаа гол со единствените два удари“, истакна Лопетеги.

„Меѓутоа во фудбалот не победува секогаш тој што заслужува повеќе. Сигурен сум дека фудбалот наскоро ќе ни го врати сето она што ние одземено“, додаде Лопетеги.

Шпанските медиуми тврдат дека Лопетеги е пред отказ и можно е да не го дочека „Ел Класико“ кое на програмата е следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …