Стефан Лихштајнер потврди дека после седум години го напушта Јувентус, а медиумите открија која ќе биде неговата следна дестинација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лихштајнер последната сезона не добива голема минутажа во дресот на Јувентус, па реши да не го продолжува договорот и на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.
Швајцарецот откри дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Италија, а медиумите веќе ја открија неговата следна дестинација, а тоа ќе биде Бундес лигата.
Наводно Лихштајнер веќе ги договорил сите услови со Борусија Дортмунд и ќе потпише за „милионерите“ веднаш по завршувањето на сезоната.
34-годишниот Лихштајнер цели седум сезони помина во дресот на Јувентус и се стекна со легендарен статус бидејќи учествуваше во освојувањето на сите 7 Скудета.