Фудбалската федерација на Франција донесе одлука предвреме да се заврши Лига 1 и титулата да му се додели на ПСЖ, а ист така е одлучено и кои екипи ќе играат во европските купови, а кои ќе испаднат од лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелната табела беше прогласена за конечна, а најоштетен од целата ситуација е Лион, кој остана без пласман во Европа.
Лион по прекинот на првенството на 11 кола до крајот беше седми на табелата и после цели 23 години остана без ЛШ или ЛЕ
Сега Лион е решен правдата да ја бара на суд, ќе ја тужи Фудбалската федерација на Франција бидејќи му е ускратена можноста да се бори до крај за пласман во Европа.
„Ни ги земаат парите од нашите џебови со ваквата одлука. Имаме добри шанси да дојдеме до место на табелата кое води во Европа доколку се продолжеше сезоната. Вака останавме без десетици милиони евра“, изјави претседателот Мишел Ола.