Англиската легенда Гери Линекер во периодот на Европското првенство е активен на социјалните мрежи и најмногу ги коментира случувањата околу англиската репрезентацијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Репрезентацијата на Англија е под истрага поради три случаи, а еден од тие случаи е исвиркувањето на химната пред мечот со Данска. По тој повод Линекер испрати порака до навивачите да не се повтори тоа во финалето со Италија.
„Ако имате среќа да дојдете до билет за финалето ќе ве молам да не свирите на химната на Италија. Прво навистина е прекрасна и вреди да се слушне, а како втор тоа е непристојно, без почит и без класа“, порача Линекер.
Ќе потсетиме финалето помеѓу Англија и Италија се игра во недела од 21:00 часот.