Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на од Баерн Минхен, Рајан Гравенберх.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клоп сака да донесе уште еден играч за врска после заминувањето на Хендерсон, а откако ја загуби битката за Каиседо сега се насочува кон Гравенберх.
21-годишниот холандски талент блесна во дресот на Ајакс и направи трансфер во Баерн, каде не добива голема минутажа и е спремен да ја промени средината.
Самиот играч јавно го изрази незадоволствот од малата минутажа и сака да направи трансфер ова лето, а Баерн за неговара слобода бара 30 милиони евра.
„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и наскоро спремаат понуда до Баерн Минхен.