Дома Фудбал Англија Ливерпул се насмеа на втората понуда од Баерн за Мане

Ливерпул се насмеа на втората понуда од Баерн за Мане

Ливерпул ја одбил и втората понуда од Баерн Минхен за Садио Мане, пренесуваат англиските медиуми.

Садио Мане одби да го продолжи договорот со Ливерпул и му соопшти на клубот дека сака да ја промени средината, а веќе има договор со Баерн Минхен.

Баварците пред неколку дена понудија 25 милиони евра, понуда која Ливерпул експресно ја одби.

Според информациите на „Скај“, Баерн понудил 30 милиони фунти, но и таа понуда била одбиена од страна на „црвените“.

Ливерпул е спремен да го продаде Мане, но сака да извлече што е можно повеќе пари од германскиот клуб.

Мане има 30 години и влезе во последната година од договорот, па поради тоа Баерн не сака да плати поголемо обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува сензација, Мората е на чекор до играње во Сегунда?!

Мозес Кен е сè поблиску до премин во Комо од Фиорентина, а тоа најверојатно ќе значи и кра…