Приоритет на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клоп сака да донесе најмалку двајца квалитетни играчи за врска, а најновото име на списокот е Ренато Санчез од ПСЖ.
Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па е спремен да ја промени средината.
Најсилен интерес за него покажуваат неколу клубови од Премиер лигата кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
ПСЖ е спремен да го продаде, а Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.
Клоп смета дека Португалецот ќе биде идеална замена за Наби Кеита, кој заминува од „Енфилд“ како слободен агент.