Португалскиот „Рекорд“ пренесува вест дека Ливерпул покажал интерес за младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Рекорд“ тврди дека Ливерпул веќе го контактирал агентот на Мендеш. Агентот на играчот Мигел Пињо за интересот на Ливерпул го известил Спортинг, а од клубот добил јасен одговор.
Мендеш во неговиот договор има откупна клазула од 45 милиони евра и кој ќе сака да го доведе ќе мора да ја плати таа сума.
18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.
Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти.