Еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот на лето секако ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ливерпул за да ја добие битката за неговиот потпис, покрај богата понуда, планира да му понуди работа на уште двајца членови од неговото семејство.
Во последно време се тврди дека Реал Мадрид е во пол-позиција за Белингам, но сега „Билд“ го откри планот на Ливерпул.
„Црвените“ сакаат да го доведат и неговиот помал брат Џоб Белингам, кој во моментив игра во Бирмингем. Притоа, на нивниот татко Марк му нудат работа како скаут на „Енфилд“.
Сето ова може да го направи Ливерпул фаворит за потписот на Џуд Белингам, бидејќи семејството преферира да се пресели во тој клуб.