Дома Трансфер зона Ливерпул и Тотенхем ја сакаат ѕвездата на Интер

Ливерпул и Тотенхем ја сакаат ѕвездата на Интер

Ливерпул и Тотенхем покажуваат сериозен интерес за играчот на Интер, Николо Барела, пренесува „Газета дело Спорт“.

23-годишниот Барела поникна во Каљари од каде се пресели на „Сан Сиро“ за 40 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Серија А и се етаблираше во еден од најдобрите поединци во тимот на Конте.

Италијанецот има договор со Интер до 2024 година, па „нероаѕурите“ сигурно нема лесно да се откажат од него.

Англиските гиганти веќе подолго време ги следат неговите настапи и на лето ќе се обидат да го донесат во своите редови.

Сепак, тешко е да се поверува дека Интер ќе се согласи на продажба на Барела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…