Дома Трансфер зона Ливерпул и Тотенхем се „тепаат“ за Германец!

Ливерпул и Тотенхем се „тепаат“ за Германец!

Офанзивниот фудбалер на Шалке и германската репрезентација, Макс Мејер од следната сезона би можел да заигра во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул и Тотенхем се главни кандидати за неговиот потпис, а и самиот фудбалер потврди дека голема се шансите да го напушти Шалке.

„Нема преговори за нов договор, не ја исклучувам опцијата околу заминување, шансите засега се 50-50“, изјави Мејер.

Неговиот договор со бундеслигашот истекува во 2018 година, па доколку не го продолжи до крајот на сезоната, Шалке ќе биде приморан да го продаде.

Мајер важи за еден од најталентираните германски фудбалери, па Јирген Клоп сака да го донесе на „Енфилд“, но ќе треба да ја победи конкуренцијата во Тотенхем кој исто така силно го посакува Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…