Дома Трансфер зона Ливерпул и Баерн во битка за двајца фудбалери – Вернер и Одој

Ливерпул и Баерн во битка за двајца фудбалери – Вернер и Одој

Ливерпул и Баерн Минхен нема да бидат ривали само во Лигата на шампиони, туку и за потписите на двајца фудбалери, пренесуваат германските и англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата клуба се во трка за потписите на напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер, кој на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината.

„Билд“ исто така откри дека Ливерпул ќе му биде конкурент на Баерн и за потписот на талентот од Челзи, Калим Ходсон Одој, кој уште еднаш одби да го продолжи договорот со „сините“.

Баерн веќе подолго време се инетерсира за Одој и испрати понуда од 35 милиони фунти, но сега и Ливерпул се вклучи во трката за неговиот потпис. „Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот брат и менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…