Дома Трансфер зона Ливерпул го сака Сусо назад – Шпанецот има откупна клазула во договорот

Ливерпул го сака Сусо назад – Шпанецот има откупна клазула во договорот

„Црвените“ сега сакаат да го вратат играчот кој не доби вистинска шанса додека беше на „Енфилд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесува денешното издание на „Марко“ Ливерпул ова лето ќе се обиде во своите редови да го врати фудбалерот кој прикажува одлични настапи во дресот на Милан, Сусо.

Сусо во Ливерпул пристигна како тинејџер од Кадиз, помина две години во младинскиот погон, дојде до првиот тим, но не се наигра.

Една сезона помина на позајмица во Алмерија, таму остави одличен впечаток, но неговиот статус во Ливерпул по враќањето на Островот не се промени.

На почетокот на 2015 година направи трансфер во Милан, а оваа и минатата сезона е еден од најдобрите играчи на „росонерите“. Награден беше со нов договор и доби повик во репрезентацијата на Шпанија.

Доколку Сусо сака да се врати во Ливерпул и „црвените“ бидат спремни да платат 40 милиони не би имало никакви проблеми со оглед на тоа дека толку изнесува откупната клазула во договорот на Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…