Дома Фудбал Лига на шампиони Ливерпул без летното засилување во второто коло од Лигата на шампионите

Ливерпул без летното засилување во второто коло од Лигата на шампионите

Фудбалерот на Ливерпул Федерико Киеза поради повреда ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Болоња вечерва во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Отсуството на Киеза за овој натпревар го потврди тренерот Арне Слот.

„Федерико тренираше со нас, дојде денес со некои проблеми и не очекувам да биде во тимот. Штета, навистина се радуваше на играњето во Лигата на шампионите, посебно затоа што играме против италијански тим“, изјави Слот на прес-конференцијата за медиуми.

Киеза кој со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство во 2021 година ова лето се пресели во Ливерпул од Јувентус.

„Тешко да се каже кога ќе биде повторно спремен бидејќи се случи вчера, но мислам дека нема долго да отсуствува“, додаде Слот.

Од друга страна се очекува Диого Жота да биде спремен за настап. Натпреварот помеѓу Ливерпул и Болоња се игра вечерва од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…