Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси потпишаа договор со играч кој се пензионираше пред две години

Лејкерси потпишаа договор со играч кој се пензионираше пред две години

Лос Анџелес Лејкерси се една од екипите кои се силно погодени од коронавирусот.

Поради таквата ситуација принудени се да доведат нови играчи со кои потпишуваат краткорочни договори. Последното засилување за Лејкерси е Дарен Колисон кој две години веќе не е дел од НБА.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Колисон се одлучи да се пензионира по завршувањето на сезоната 2018/2019.

Лејкерси потпишаа договор на десет дена со Колисон. Потпишувањето на договорот дојде откако тој една недела тренираше со екипи. Покрај него на Лејкерси ќе му се приклучи и Стенли Џонсон и двајцата ќе бидат во тимот за дуелот Бруклин.

Тимот на Лејкерси е во серија од четири порази во низа од која ќе се обиде да најде излез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Кари на врвот: Ова се најплатените кошаркари во НБА лигата

Сезоната во најсилната кошаркарска лига НБА влегува во самата завршница, а интересно е што…