Дома Останати Кошарка НБА Летово дојде, но може брзо да замине: Најави ли Дејвис експресно заминување?

Летово дојде, но може брзо да замине: Најави ли Дејвис експресно заминување?

Ентони Дејвис во текот на летото пристигна во Лос Анџелес Лејкерси, но можеби нема да се задржи долго.

Дејвис е одличен на почетокот на оваа сезона во дресот на Лејкерси, а навивачите веруваат дека тој и Леброн можат да им го донесат прстенот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа Дејвис би можел многу брзо да си замине од Лејкерси бидејќи последната негова изјава звучи како да најавува трансфер во Чикаго.

„Не знам. На лето ќе бидам слободен агент, ќе видиме. Постои можност да заминам. Чикаго е кошаркарска Мека, ги имаше најдобрите кошаркари во историјата. Погледнете им ја историјата. Често се зборува дека тоа е Њујорк, но Њујорк не е ниту блиску“, истакна Дејвис.

Оваа сезона Дејвис во просек забележува по 28.5 поени, 11.5 скокови и 2.7 асистенции по натпревар и е вкупно петти поентер во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Aмерикански новинар за Јокиќ: Тој е како вештачка интелигенција!

Денвер нагетс загуби на почетокот на полуфиналето на Западот од Минесота, но тоа не мора н…