Екипата на Лестер во рамки на 25. коло во Премиер лигата, игра против Евертон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По 45 минути некогашниот англиски шампион има водство од 2:0, но она што дефинитивно фрла сенка на овој меч е тоа што Марез не се најде на списокот играчи за овој меч.
Не е тајна дека Ријад Марез сака да го напушти тимот и да направи трансфер во Манчестер Сити.
Челниците на Лестер на неколку пати досега меѓутоа, ја одбија понудата од „Граѓаните“.
Причината поради која Марез не е во вечерашниот состав, како што се наведува е неговата лутина и бес поради кои одбил да настапи за „Лисиците“.