Дома Фудбал Лестер славеше на „Олд Трафорд“, Сити е нов шампион во Англија

Лестер славеше на „Олд Трафорд“, Сити е нов шампион во Англија

Манчестер Јунајтед излезе со комбиниран состав на „Олд Трафорд“, а тоа го искористија „лисиците“ и славеа со 2:1.

„Лисиците“ поведоа на „Олд Трафорд“ со голот на Лук Томас во 10-та минута, но „црвените ѓаволи“ многу брзо стигнаа до израмнување преку Мејсон Гринвуд пет минути подоцна.

Со оглед на густиот распоред Солскјер на терен излезе со комбиниран состав, а тоа го искористи Лестер кој дојде до победа со голот на Сојунџу во 66-та минута.

Со овој пораз на Јунајтед и официјално за нов шампион беше промовиран Манчестер Сити бидејќи разликата на три кола до крајот е 10 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…