Премиерлигашот Лестер се одлучи за несекојдневен потег и реши да му помогне на Кардиф после несреќата која му се случи на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кардиф плати 17 милиони евра за трансферот на Емилијано Сала, но фудбалерот доживеа авионска несреќа и се уште се води за исчезнат.
Клубот до Велс според договорот мора да му исплати 17 милиони евра на Нант за трансферот, а потоа ќе чека осигурителната компанија да му ги компензира парите.
Меѓутоа, клубот нема повеќе финансии да купува нов фудбалер во јануари, па Лестер се одлучи за несекојдневен порег и реши да му помогне на Кардиф.
Имено, „лисиците“ се понудија да му го понудат алжирскиот репрезентативец Ислам Слимани, кој моментално игра на позајмица во Фенербахче.
Лестер планира да го врати назад и потоа да му го отстапи на Кардиф до крафот на сезоната.