Дома Трансфер зона Леонардо проговори за Милинковиќ-Савиќ и трансфер плановите на Милан

Леонардо проговори за Милинковиќ-Савиќ и трансфер плановите на Милан

Новиот спортско-технички директор на Милан, Леонардо денес ги обелодени плановите на клубот кога е трансфер позарот во прашање.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан е во потрага по квалитетен играч за врска, а во последните денови се поврзува со ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

„Поради правилата на Финансискиот фер-плеј не можеше да донесеме топ играч за врска. Само со некакво чудо можеме да го заобиколиме ффп и да донесеме таков играч. Сергеј е мета на многу клубови, но за нас таква операција е невозможна во моментов“, изјави Леонардо.

„Што се однесува до Калиниќ неговиот трансфер во Атлетико Мадрид е пред реализација. Сигурно ќе го засилиме тимот до крајот на преодниот рок, но треба да најдеме решение за играчите кои имаат мала минутажа и сакаат да си одат. Сусо сигурно останува во Милан“, прецизираше спортскиот директор на „росонерите“.

На крајот Леонардо откри дека Рикардо Кака од септември се враќа во клубот и ќе биде дел од раководството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…