Милан денес на официјална пресконференција ги претстави трите најнови засилувања: Бакајоко, Кастиљехо и Лаксалт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На пресконференцијата генералниот директор на клубот, Леонардо потврди дека трансфер пазарот за „росонерите“ е завршен и дека никогаш не започнале преговори за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Србинот долго време се поврзуваше со трансфер во Милан, а синоќа некои италијански медиуми објавија дека трансферот е веќе договорен.
„Никогаш не сме преговарале со Лацио за Сергеј Милинковиќ Савиќ. Разговарав само со неговиот агент, Кежман, кој добро го познавам, но не започнавме преговори со Лацио за трансфер“, истакна Леонардо.
„Никогаш не преговаравме со Лацио бидејќи беше невозможно да изведеме една ваква зделка, потребна е голема сума на пари и не можеме да си дозволиме ваква инвестиција поради параметрите кои ги постави УЕФА“, додаде директорот на „росонерите“.
Во меѓувреме тренерот на Лацио, Симоне Инзаги потврди дека СМС сигурно останува на „Олимпико“ и оваа сезона.