Дома Македонски спорт Мак ракомет Лекиќ ја отвори душата: Си оди поради Самсоненко

Лекиќ ја отвори душата: Си оди поради Самсоненко

Екипата на ЖРК Вардар од следната сезона ќе има многу поинаков состав и поинакви амбиции, бидејќи најголем дел од ракометарките ќе го напуштат македонскиот шампион.

Андреа Лекиќ спаѓа во групата на ракометарки кои ќе го напуштат клубот, а за српските медиуми ја откри и главната причина за таквата одлука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Првата и основна причина за моето заминување е одлуката на сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко клубот од следната година да не игра повеќе во ЛШ. Женскиот ракомет во Вардар ќе остане на ниво на мали девојчиња. Навистина многу ми е жал, ова е клуб во кој сум веќе скоро пет години што е најдолго во мојата кариера“, изјави Лекиќ.

„Тоа навистина тешко ми падна. Сепак, мораме да се снајдме, мојата главна амбиција е секоја година да се борам за пехарот во Лигата на шампионите. Затоа го избрав тимот на Букурешт, тим кој е меѓу трите најдобри клубови во Европа, па не ми беше тешко да се одлучам кога дојде понудата“, открива Лекиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …