Дома Фудбал Англија Легендата на Евертон објави крај на кариерата

Легендата на Евертон објави крај на кариерата

Легендарниот фудбалер на Евертон, Лејтон Бејнс објави крај на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После натпреварот против Борнмут, Бејнс одлучи да ја заврши богатата кариера која целосно им ја посвети на Карамелите.

Бејнс започна во младинските категории на Гудисон Парк. Меѓутоа, првите сениорски чекори ги направи во Виган, каде играше од 2002. до 2007. година.

Во летото 2007. година Евертон го купува за пет милиони фунти, а во наредните 13 години Бејнс беше значаен играч во тимот на Карамелите.

Во последните две сезони имаше помала минутажа. Одигра само 17 натпревари и на крајот одлучи да стави крај на кариерата.

За Евертон одигра 420 натпревари и постигна 39 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…