Дома Фудбал Германија Легендата на Баерн застана во одбрана на Левандовски: Разбирам зошто сака да си замине

Легендата на Баерн застана во одбрана на Левандовски: Разбирам зошто сака да си замине

Роберт Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен, но самиот јасно порача дека не сака да остане во Минхен и наредната сезона.

Полскиот напаѓач сака нов предизвик во кариерата и ја сместа приказната во Баерн за завршена. Многумина го критикуваат Левандовски поради неговиот потег, а во негова одбрана сега застана легендата на Баерн, Лотар Матеус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Матеус истакна дека го разбира Левандовски затоа што смета дека во Баерн се случува нешто. Претходно на сличен начин си заминаа Давид Алаба и Никлас Зуле, а има проблеми и во продолжувањето на соработката со Гнабри.

„Го разбирам Левандовски. Кога сте професионалец забележувате дека нешто не е во ред, дека нешто се распаѓа и не сте навикнати на работите кои се случуваат. Можете да видите дека се повеќе играчи од клубот си заминуваат, тоа не е добро и во Баерн не се случуваше во минатото“, изјави Матеус за „Билд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Официјално: Заминува еден од најбараните тренери!

Тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби (44) ќе го напушти овој клуб на крајот од актуелната…