Легендата на шкотски Абердин, Френк Мекдугал имаше само пофални зборови за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, кој постигна четири гола на четири меча за екипата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мекдугал кажа дека Миовски е одличен, но на Абердин му требаат уште квалитетни фудбалери ако сака да се бори за врвот во шкотскиот шампионат, каде што доминираат Селтик и Ренџерс.




„Миовски има извонреден старт, четири гола на четири натпревар е одлично. Тој си ја завршува работата, но му треба помош затоа што не може сам да ги носи победите. Потребен е нов голман и стопери, а потоа и останати квалитетни фудбалери.




Со нови квалитетни засилувања Абердин би можел да врши притисок врз Селтик и Ренџерс, а не како сега да се мачи против останатите клубови“, кажа Мекдугал.