Неодамна, Тони Кукоч беше главна ѕвездан а промоцијата за документарниот филм посветен на неговиот живот и професионалната кариера, но утрово непријатно ги изненади фановите со фотографија од болница.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кошаркарската легенда објави фотографија на неговиот Инстаграм профил од болница заблагодарувајќи им се на вработените и на докторите кои одлично се грижеле за него.
„Голема благодарност за докторите Колмен и Мајерс и останатите вработени во болницата кои одлично се грижеа за мене изминатите два дена. Исто така, благодарност до докторот Меденица кој е секогаш тука кога ми треба помош, се радувам на брзото закрепнување“, објави Кукоч.
Неодамна Кукоч го прослави својот 55.роденден и не откри каков здравствен проблем имал.