Дома Фудбал Останато Легендарниот напаѓач од Того објави крај на кариерата

Легендарниот напаѓач од Того објави крај на кариерата

Легендарниот напаѓач од Того, Емануел Адебајор на 39 години објави крај на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоганскиот се прости од фудбалот со порака на Инстаграм:

„Мојата кариера беше неверојатно патување. Им благодарам на навивачите што беа со мене на секо јчекор. Благодарен сум на се и возбуден за она што следува“, објави Адебајор.

Последен клуб во кариерата на Адебајор беше Семаси. Кариерата ја започна во Мец, а потоа преку Монако дојде во Арсенал каде што ги помина најдобрите денови во кариерата. Во сезоната 2007/2008 постигна 24 гола во Премиер лигата.

Oд Арсенал се пресели во Манчестер Сити, но повеќе никогаш не играше во иста форма како во Лондон, следуваше позајмица во Реал Мадрид, па потоа се врати Англија во Тотенхем.

Го носеше дресот уште на Кристал Палас, Истанбул Башакхшехир, Кајсериспор и Олимпија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…