Дома Фудбал Репрезентации Легендарниот Гус Хидинк објави крај на тренерската кариера

Легендарниот Гус Хидинк објави крај на тренерската кариера

Легендарниот холандски тренер Гус Хидинк се повлече од фудбалот.

Во разговор за холандските медиуми Хидинк соопшти дека повеќе нема да биде тренер и така на 74 години става крај на тренерската кариера.

„Во последно време не бев активен поради пандемијата со коронавирусот, нешто што го почувствував на своја кожа, а во разговор со претседателот на ФС Куркао заклучив дека во овој момент најдобро е да ја прекинеме соработката. Мојата одлука е да се повлечам од фудбалот“, објави Хидинк.

Низ богатата кариера Хидинк водеше тимови како Реал Мадрид, Челзи, ПСВ, Валенсија, Фејенорд, Бетси, Анжи, додека како селектор работеш во Холандија, Русија, АВстралија, Јужна Кореја и У21 репрезентацијата на Кина.

Куркао беше неговиот последен ангажман. Оваа мала земја ја преземе кон крајот на август минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Руни жестоко удри по Манчестер Јунајтед: „Многу од овие играчи не се доволно добри“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, жестоко го критикуваше составот на клубот, дов…