Дома Фудбал Останато Легенда: Јапонецот Миура ќе игра фудбал и на 54 години

Легенда: Јапонецот Миура ќе игра фудбал и на 54 години

Легендарниот напаѓач доби нов договор на 54 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јапонскиот ветеран Казујоши Миура го продолжи договорот со Јокахома, иако во февруари ќе наполни дури 54 години.

Миура дебитираше во 1986 година во дресот на бразилскиот Сантос, а после престојот во Бразил се врати во Јапонија каде што помина најголем дел од својата кариера. Помина сезона во Џенова како и во Динамо Загреб во 1999 година.

Во Јокохама е од 2005 година и за тој клуб запиша соро 300 натпревари.

„Го обновив договорот со Јокохама. Минатата сезона светот беше во тешка ситуација поради короната, а сите сме среќни што повторно можеме да играме фудбал. Ми недостасуваше фудбалот и мојата страст кон него се повеќе се зголемува“, изјави ветеранот Миура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фердинанд: Го мразев Стивен Џерард

РИО ФЕРДИНАНД (47) откри дека го мразел Стивен Џерард (45) во времето кога играле заедно з…