Неговиот Порто не се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони, но Икер Касиљас испиша нова страница во фудбалската историја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот голман стигна до својот 175-ти настап во европските купови и на тој начин стана нов рекордер.
Касиљас на првото мето на вечната листа го претекна легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини. Тој во дресот на Реал забележа 157 настапи, а во 2015 година да се пресели во Порто и продолжи да биде редовен актер на европска сцена.
Малдини сега е на второто место со 174 настапи, трет е Чави со 173, а во првите десет се уште Сидорф, Раул, Занети, Гигс, Реина, Карагер и Буфон.
