Дома Трансфер зона Леванте во финишот на Барди му донесе друштво од Реал Мадрид

Леванте во финишот на Барди му донесе друштво од Реал Мадрид

mayoral

Maдриѓаните ја оставија последната зделка за крај на преодниот рок.

Денес во клубот беше претставен повратникот од Лион, Мариано Диаз, „кралевите“ во трката за овој фудбалер ја победија екипата на Севиља.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Со неговото доаѓање стана јасно дека на „Бернабеу“ повеќе нема место за Борха Мајорал кој е испратен на нова позајмица.

Имено, како што е официјално потврдено од страна на Реал, Мајорал следната сезона ќе ја помине на позајмица во тимот на нашиот Енис Барди, Леванте.

Мајорал член на Реал е од 2007 година, а за прв пат дресот на овој клуб го носеше во 2015 година, сезоната 2016/2017 ја помина како позајмен фудбалер во редовите на германски Волфсбург.

Минатата сезона собра 24 настапи за „Лос Бланкоси“ и постигна седум погодоци.

Во Леванте како позајмен фудбалер ќе помине една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…