Дома Фудбал Репрезентации Левандовски се одлучи за потег поради кој ќе биде херој помеѓу Украинците

Левандовски се одлучи за потег поради кој ќе биде херој помеѓу Украинците

Роберт Левандовски ова лето одлучи да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во Барселона каде што му оди одлично, а кон крајот на годината го очекува и Мундијалот со неговата Полска.

Левандовски сега се одлучи на потег поради кој ќе биде омилен помеѓу Украинците. Имено, тој добил лента со грбот на Украина од легендарниот Андреј Шевченко и таа лента полскиот напаѓач ќе ја носи во Катар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе ги носам украинските бои на Светското првенство во Катар. Како играч и како човек поддржувам мир и мислам дека ваквите симболични гестови се важни. Ќе ја носам лентата како потсетник дека граѓаните на Украина не се сами“, изјави одличниот напаѓач.

Светското првенство ќе се одржи од 20. ноември до 18. декември во Катар. Полска ќе игра во група со Мексико, Саудиска Арабија и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…