Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски се огласи: Морам нешто да ви признам…

Левандовски се огласи: Морам нешто да ви признам…

Баерн синоќа на Маракана ја победи Црвена Звезда со високи 6:0 во натпревар од 5. коло во групната фаза на ЛШ.

По првото полувреме Баварците преку Горецка поведе со 1-0, а потоа постигнаа уште пет гола, од кои четири беа на Роберт Левандовски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн е брилијантен оваа сезона, а тоа го потврди уште еднаш во натпреварот на Маракана, каде ја затресе мрежата на противникот четири пати за само 15 минути.

Полскиот репрезентативец во сите натпреварувања оваа сезона, вклучително и настапи за својата репрезентација постигна 32 погодоци и делува незапирливо.

По натпреварот против Црвена Звезда, Левандовски се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Морам нешто да ви признам, зависен сум од постигнувањето на голови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…