РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ (35) на лето би можел да направи сензационален трансфер од Барселона во Атлетико Мадрид, објави денеска шпанскиот новинар Рубен Урија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веднаш по него, информацијата независно ја пренесоа или објавија уште десетици шпански медиуми и новинари, а одекна на глобално ниво.
“Барселона сака да се ослободи од Полјакот. Неговата плата е преголем товар за буџетот на Барселона. И покрај тоа што Левандовски има договор со Барселона до летото 2026 година, Каталонците почнаа да го подготвуваат теренот за летото, а Атлетико Мадрид се појави како заинтересирана страна. Треба да внимаваме на таа работа“, објави Урија.
И сите други медиуми кои ја пренесоа информацијата тврдат дека платата од 27 милиони евра годишно е навистина преголема за буџетот на Барселона, особено за фудбалер на таа возраст и наведуваат дека најверојатно тоа ќе биде трансфер кој сите ќе ги изненади.
Секако дека Левандовски има договор, па и Атлетико мора да плати одредена отштета за него, а не е позната сумата која ја бара Барселона.