Дома Топ вести Левандовски: Многу веројатно го одиграв последниот натпревар за Баерн

Левандовски: Многу веројатно го одиграв последниот натпревар за Баерн

Тоа што се шпекулираше подолг период вчера беше и официјално потврдено од страна на Роберт Левандовски. Полскиот голгетер истакна дека сака да го напушти Баерн Минхен во претстојниот преоден рок иако има уште една година од договорот.

Левандовски после натпреварот против Волфсбург кој заврши без победник (2:2) емотивно и со солзи се поклони пред навивачите на Баерн кои беа на гостувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скоро сигурно е дека ова беше мој последен натпревар за Баерн. Не можам да кажам 100% сигурно, но е многу веројатно. Мораме да го најдеме најдоброто решение за двете страни. Разговарав со спортскиот директор и му кажав дека нема да го продолжам договорот. Знам дека имам уште една година, но ќе видиме што ќе се случува“, изјави Левандовски кој вкупно сезонава стигна до бројката од 50 голови.

Во претходниот период Левандовски најмногу се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …