Дома Останати Кошарка Леброн ќе направи се за да помогне на поранешниот соиграч кој денес е бездомник

Леброн ќе направи се за да помогне на поранешниот соиграч кој денес е бездомник

Видеото од поранешната НБА ѕвезда Делонте Вест на кое тој е тепан улиците како бездомник го шокираше спортскиот свет.

Вест на улиците беше претепан и оставен во очајна состојба, а подоцна беше објавено дека поранешната ѕвезда има сериозни психолшки проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој кошаркар е поранешен соиграч на Леброн Џејмс од Кливленд. Видеото стигнало и до Леброн, а тој ќе направи се за да му помогне на поранешниот соиграч да застане на нозе. Според информациите Леброн веќе ангажирал луѓе да го земат Вест и да го префрлат во Лос Анџелес за да му помогне.

Ова е прилично изненадување затоа што додека играше во Кливленд за Вест се пишуваше дека имал афера со мајката на Леброн, Глорија. Сепак, тие информации никогаш не беа потврдени, а овој потег на Леброн можеби е доказ дека немало ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Кошаркарите на Реал Мадрид вчера ја победија Басконија со 101:90 и поведоа со 2:0 во четвр…