Дома Трансфер зона Лацио ја најде замената за Милинковиќ-Савиќ

Лацио ја најде замената за Милинковиќ-Савиќ

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.

19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со младиот играч за врска.

Лацио во него гледа идеална замена за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој ова лето најверојатно ќе го напушти „Олимпико“ за 80 милиони евра, а интерес за Србинот покажуваат Реал Мадрид и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…