Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не го криеше задоволството од комплетирањето на трансферот на Роберт Левандовски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона за услугите на Левандовски плати 45 милиони евра, додека останатите пет милиони ќе ги исплатат преку различни бонуси.
Лапорта откри дека Полјакот имал и подобри понуди, но тој ја избрал Барселона.
„Мора да бидеме благодарни за неговиот избор, со оглед на тоа дека ја прифати нашата понуда, иако Челзи и ПСЖ му нудеа повеќе пари“, откри Лапорта.
„Во исто време го принуди Баерн да го пушти во Барселона. Левандовски е како митралез за голови. Добивме врвен голгетер“, додаде Лапорта.