Френк Лампрад е најголем фаворит да седне на празното тренерско столче на „Стенфорд Бриџ“ после заминувањето на Маурицио Сари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако сопственикот на Дерби, Мел Морис нема намера да го пушти својот тренер, сепак преговорите помеѓу Лампард и Челзи се во напредна фаза.
Имено, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович го повикал Лампард на состанок и то на неговата неговата луксузна јахта „Еклипс“, која се проценува на 380 милиони фунти.
Рускиот милијардер пристигнал во Сен Тропе и го поканил Лампард на состанок кој треба да се одржи до крајот на оваа седмица.
Според договорот кој го има Лампард со Дерби, „сините“ ќе треба да платат компензација од 4 милиони фунти, сума која нема да преставува проблем за Абрамович.
Поради тоа медиумите тврдат дека на состанокот, сопственикот и легендата на Челзи само треба да ги договорат последните детали од соработката.
